Фуксе Берлин го разнесе Алборг, Ф4 и Келн се реалност за „лисиците“

Ракометарите на Фуксе Берлин запишаа убедлива победа против данскиот Алборг со 37-29 и со одлична залиха ќе патуваат на реваншот.

Иако гостите водеа со шест гола разлика во првиот дел, 13-7, Гидсел и Фрајхофер, како и голманот Милосављев во финишот успеа да го торпедира данскиот состав.

До паузата Фуксе стигна до минус еден, 15-14, а во вториот дел комплетно доминираше на теренот, а гостите потонаа во дупка од која немаше излез.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Гидсел со 11 и Фрајхофер со девет погодоци, додека Милосављев запиша 13 одбрани.

Фуксе Берлин во вториот дел играше без Марсениќ, кој доби црвен картон по еден старт, а истото се случи и со Фабијан Виде во послендата секунда по стартот над Сагосен.

На Алборг не му помогна ниту Ландин кој имаше осум одбрани, а седум гола имаше Хоксер, додека по четири пати погодија Влах и Бјорнсен.