Членката на Ѓорче Петров, Есма Муратовиќ. го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 13. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.
Црногорската интернационалка одигра одлично на натпреварот против Вардар и беше меѓу најдобрите на теренот.
Муратовиќ на гласањето доби околу 58% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Марија Јанкуловска од Металург Автокоманда со 39%.
Во конкуренција за ѕвезда на 13. коло од плеј-офот беше и Стефанија Ѓорѓиевска од Чаир.