Португалскиот репрезентативец Мигел Мартинс се повреди на мечот меѓу Алборг и Скјерн и според првичните прогнози ја заврши сезоната.
Тој ги дислоцира рамото, а ова не му е прва ваква повреда, па многу веројатно ќе биде потребна операција.
Ако се остварат првичните прогнози, тоа значи дека сезоната за средниот бек е завршена, а со тоа и престојот во Алборг.
Данскиот тим на располагање на средната бековска позиција ги има уште Томас Арнолдсен и Алекс Влах.
Португалецот заминува од Алборг и од лето ќе биде член на Динамо Букурешт.