Поранешната ракометарка на Куманово, Андреза Алмеида, заедно со тимот на Боден го освои трофејот во прволигашката конкуренција во Шведска.
Боден, со обезбедениот трофеј, за следната сезона си обезбеди и пласман во најквалитетното натпреварување во скандинавската земја, па ќе има можност да се бори со најдобрите екипи.
Тимот на Андреза Алмеида сезоната ја заврши со 18 победи, едно реми и само три порази, што беше доволно да го освои првото место со 37 бода, додека најголемиот конкурент, Луги, заврши на втората позиција со 33 бода.
Бразилката токму во Куманово го имаше првиот интернационален предизвик и во поранешниот првак на Македонија беше алфа и омега, односно најзаслужна за освоениот Куп трофеј во сезоната 2022/23.
Таа во Купот на Македонија го доби признанието за најкорисен играч на турнирот (МВП) и за најдобар стрелец. Со одличните настапи во Куманово си обезбеди трансфер во Шпанија, поточно во тимот на Атлетико Гуардес, а потоа замина во Шведска.