Признанија за Кањелас, Ентрериос, Агинагалде… – творци на најголемите успеси на Шпанија

На полувремето од натпреварот меѓу Шпанија и Србија од квалификациите за ЕП 2026, беа доделени признанија за десетмина шпански репрезентативци кои беа дел од најголемите успеси на репрезентативниот ракомет.

Шпанската федерација официјално во репрезентативна пензија ги испрати Валеро Ривера, Антонио Гарсија Робледо и Хорхе Македа.

Освен нив признанија добија и оние кои не се повеќе активни како играчи на теренот – екс вардарецот Жоан Кањелас, потоа Кристијан Угалде, Виктор Томас, Дани Сармиенто, Хулен Агинагалде и Раул Ентрериос.

Публиката во „Кихот Арена“ во Сиудад Реал со овации ги поздрави поранешните миленици, а актуелните репрезентативци со победата над Србија со 28-26 дополнително ја разубавија атмосферата.

Сите кои добија признанија беа дел од златната ера на шпанскиот ракомет во која беа освоени две злата на СП и две злата на ЕП, како и уште многу медали на сите големи натпреварувања.