Рајн Некар Левен најде замена за лидерот Јури Кнор, кој на лето ќе се пресели во данскиот Алборг.
Во тимот од Манхајм доаѓа средниот бек на Динамо Букурешт, Хаукар Трастарсон, кој се обврза на договор за следната сезона.
Иако „лавовите“ го имаа во опција и холандскиот репрезентативец Лук Стеинс, сепак се решија за Трастарсон.
23-годишниот исландски репрезентативец на 19 години замина од матичниот Селфос во полскиот Келце.
Но таму кариерата му беше проследена со неколку повреди, потоа не ја доби вистинската шанса и лани се пресели во Динамо Букурешт.