Хеле Томсен влегува во трка за селекторската функција во Данска

Тренерот на ЧСМ Букурешт, Хеле Томсен, влегува во трката за селектор на женската репрезентација на Данска, пренесуваат данските медиуми.

Хенсен, која на репрезентативно ниво ја водеше Холандија и имаше забележителни резултати со „лалињата“, најверојатно ќе биде голем фаворит за селекторското столче.

Покрај Хенсен, меѓу кандидатите за нов селектор се наоѓа екс-тренерот на ГОГ и Фленсбург, Никола Крикау, како и некогашниот тренер на Оденсе и Ѓер, Улрик Киркелу.

Како што е познато, сегашниот селектор на Данска, Јеспер Јенсен, по завршувањето на тековната сезона ќе си замине од националниот тим за да го предводи Ференцварош