Final - Croatia vs Denmark, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Baerum Oslo, Norway, 02.02.2025, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Мартиновиќ: Интересно е што другите знаат повеќе за мојата индина од мене

Репрезентативецот на Хрватска, Иван Мартиновиќ, сè уште не размислува за промена на клупската средина.

Хрватот, кој моментално е член на Рајн Некар, имаше одличен настап на Мундијалот 2025, па така стана мета на неколку богати клубови.

Десниот бек на ,,лавовите” вели дека засега е фокусиран само на настапите за бундеслигашот.

,,Што се однесува до иднината, мислам дека немав доволно време ниту да разговарам со моето семејство за време на Светското првенство. Интересно ми е што другите знаат повеќе за мојата иднина од мене. Сè уште не знам ништо за иднината, моментално сум сконцентриран на моите следни настапи со тимот”, изјави Мартиновиќ за  German Dyn.

За Мартиновиќ, според германскиот портал „Билд“, заинтересирани се Веспрем, Фленсбург и ПИК Сегед.

27-годишниот Мартиновиќ, кој со Рајн Некар има договор до летото, 2026 година, беше меѓу најзаслужните за освоеното сребро на Хрватска на СП 2025.

 

Веспрем го посакува Иван Мартиновиќ во своите редови