Што ги чека конкурентите за плеј-оф – кој е најблиску, кој има најмали шанси за ТОП 6?

Бутел и Тиквеш имаат четири бода предност, во однос на Пролет и Прилеп. Бутел има најдобар меѓусебен биланс досега, а Прилеп со најмали шанси да стигне во ТОП 6.

Играњето во плеј-офот носи бенефити, и освен тоа што ќе имате шанса да се борите за титулата, со сигурност ќе бидете сигурни дека и в година ќе играте во најсилниот ранг на натпреварување. Се разбира ако РФМ пак не реши да го смени системот, како што правеше последниве неколку години. Дотогаш ќе се игра според сегашниот, а тој предвидува првите шест екипи да разигруваат за титулата, а другите за опстанок.

Ако е познато дека Еурофарм Пелистер, Вардар, Алкалоид и Охрид се сигурни учесници во плеј-офот, остануваат уште две слободни места. Четири екипи во моментов имаат теоретски шанси да бидат на едно од тие две места – Бутел, Тиквеш, Пролет и Прилеп. Разликата меѓу нив е четири бода, во корист на Бутел и на Тиквеш кои имаат по 18 бода, а Пролет и Прилеп имаат по 14 бода.

До крај на регуларниот дел од сезоната остануваат да се играат уште пет кола. Следните две кола ќе дадат можеби најточна слика околу шансите на екипите, бидејќи ќе се одиграат два директни меча кои можат да дадат одговор на прашањето кои две екипи се најблиску до разигрувањето за титулата.

Важно е дали ќе се биде петтопласиран или шестопласиран и поради фактот што тимот што ќе биде петти во разигрувањето ќе пренесе еден бод, а шестиот од регуларниот дел на сезоната ќе стартува без бодови.

Во меѓусебните дуели на четирите екипи најдобар е Бутел кој има 6 бода од четири одиграни меча, Тиквеш и Пролет имаат по 5, а Прилеп е најслаб и има само два бода. Сите екипи треба да одиграа по шест мечеви со своите директни конкуренти, и само при ист број бодови ќе се гледаат меѓусебните натпревари.

БУТЕЛ: Скопјани треба да играат два директни дуели со екипи кои се борат за плеј-офот, со Тиквеш дома во следното коло и со Пролет исто така дома во последното коло. Имаат плус и гостување во Битола кај Еурофарм Пелистер. Како полесни мечеви би требало да бидат оние со Струга и со Борец ФЛ. Со четири бодови Бутел би требало да го реши прашањето на место во плеј-офот, иако и со два може да се надева на место во ТОП 6.

ТИКВЕШ: Следните две кола се исто така важни за Тиквеш бидејќи треба да игра против директните ривали, Бутел на гости и Прилеп на домашен терен. Тиквеш треба да му гостува и на Вардар и на Струга, а на биде домаќин на Борец ФЛ. На тимот од Кавадарци најмногу му требаат бодови на дуелот со Прилеп, со што во случај на ист број бодови би бил подобар, а има подобар меѓусебен биланс и на дуелите со Пролет.

ПРОЛЕТ: Скопскиот тим има два меча против апсолутни фаворити, дома со Охрид и веднаш потоа на гости со Алкалоид. На тие мечеви му треба чудо за освојување бодови, кои пак би можеле многу да му помогнат во намерата на биде на место што води во плеј-офот. Тешки и неизвесни ќе му бидат и гостувањата кај Куманово и Бутел, а единствено со Радовиш може да биде во улога на фаворит.

ПРИЛЕП: Прилепчани имаат можеби најтежок распоред до крајот. Им гостуваат на Вардар и на Тиквеш , а и на мечот со Еурофарм Пелистер ќе бидат аутсајдери. Можеби дуелите со Струга и Борец ФЛ се место за бодови, но со тие нема да бидат во игра за плеј-офот. Имаат најслаба меѓусебен биланс досега на дуелите со сите три конкурентски екипи.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД17160132
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР17150230
3ВАРДАР 196117150230
4ОХРИД17131327
5БУТЕЛ1790818
6ТИКВЕШ 20141782718
7ПРИЛЕП1762914
8ПРОЛЕТ1754814
9КУМАНОВО1740138
10СТРУГА1730146
11БИСИНОВ Ф. Л.1722136
12РАДОВИШ1701161