Тимот на Вардар го промовираше првото засилување пред стартот на пролетниот дел од Женската лига.
Станува збор за бекот Јана Петровска, која во есенскиот дел од сезоната беше дел од составот на Скопје.
Петровска, која потекнува од Делчево Вардар, веќе и се стави на располагање на тренерот Анжела Платон.
Вардар е дел од плеј-офот во Женската лига, во првите две кола одигра реми со Куманово и загуби од Металург Автокоманда.
Првата обврска во 2025, Вардар ќе ја има на 8 февруари на мечот со актуелниот шампион Ѓорче Петров.