Тимот на Радовиш подготовките за вториот дел од натпреварувачката сезона ги започна со променет состав, откако реши да се раздели со неколку искусни и млади играчи.
Од екипата ослободени се дури шест играчи – Иванче Ончев, Филип Талевски, Виктор Марковиќ, Марко Стојанов, Роберт Миланов и Јован Георгиев.
Радовиш во наредните денови со доаѓањето на интернационалците ќе биде во комплетен состав. Раководството на клубот не ја исклучува можноста во тимот на пристигне уште некое засилување.
Ракометарите на Радовиш пред стартот на вториот дел од сезоната ќе одиграат два пријателски натпревари против прволигашот Младост од Богданци, а во план се одигрување на уште четири натпревари.
Радовишани на 16 натпревари во Супер лигата освоија само бод, оној против дебитантот Бисинов ФЛ, па така ќе имаат голем предизвик во остатокот од сезоната, односно во плеј-аут фазата.
Трио засилувања за Радовиш – доаѓаат бекови од Тунис и Египет