Мерк е бремена – Норвешка без најдобрата на ЕП!

Една од најдобрите ракометарки на светот – Нора Мерк ќе отсуствува подолг временски период од ракометните терени поради бременост.

Според информациите, Мерк нема да игра до крајот на натпреварувачката сезона 2024/25, бидејќи породувањето е закажано да се случи во мај, 2025 година.

Ова значи дека Норвешка на Европското првенство 2024 ќе го брани златото без Мерк, а нејзиното отсуство ќе биде голем удар и за данскиот Есбјерг.

Екипата на Есбјерг е еден од потенцијалните кандидати за пласман на Ф4 турнирот во ЛШ, но каго ракометарките на данскиот тим ќе одиграат без Мерк, останува да видиме.

Европското првенство 2024 ќе започне на 28 ноември, а Норвешка во групната фаза за ривали ги има репрезентациите на Австрија, Словенија и Словачка.