Екипата на Потсдам, во која брани репрезентативецот на Македонија, Мартин Томовски, во натпревар од 7. коло во Бундес лигата за ривал го имаше Кил.
Потсдам даде силен отпор, посебно во првото полувреме, потоа во вториот дел издржа уште 10-15 минути, а во последниот период до израз дојде квалитетот меѓу двете екипи, па така составот на Јиха дојде до триумф од 27:23 (13:11).
Македонскиот голман во дадената минутажа меѓу стативите успеа да одбрани четири удари на домаќините.
Тимот на Томовски по седум одиграни кола се наоѓа на последното место, засега нема освоено бод.
Во следното, 8. коло, Потсдам на свој терен против Гумерзбах ќе атакува на прва победа во најсилната лига во светот.