Трпевска и Далматинка слават трето коло, понатаму одат и Стефаноска, Василева, Јанкуловска…

Со натпреварите одиграни во минатите три дена беа комплетирани натпреварите од второто коло во Европскиот Куп. По елиминацијата на Металург Автокоманда, Чаир го совлада Керженг од Луксембург и остана единствен претставник од Македонија во третото коло.

Покрај Чаир, дел од македонските интернационалки обезбедија место со своите тимови во следната фаза. Македонската репрезентативка Драгана Петковска и италијанскиот Салерно имаа двомеч дома со ВИФ од Фарски Острови и со вкупна победа од пет гола одат понатаму.

Косовскиот Феризај кој е предводен од Зоран Петковски беше поразен два пати на гостински терен кај шпанскиот Ваљадолид, a Славија Прага на Ангела Јанкуловска, со две победи на словенечкиот тим Ајдовшчина оди понатаму. Македонската репрезентативка не настапи на вториот меч, а на првиот не се запиша во листата на стрелци.

Ивона Трпевска и хрватската Далматинка со две победи над босанскиот Борац оди во третото коло. На првата средба, Македонката беше најдобар стрелец со шест гола, додека на реваншот даде три.

Матеја Серафимова имаше четири одбрани на првиот меч на кој нејзиниот Штокерау убедливо го загуби од српскиот Железничар на домашен терен, а на реваншот запиша седум одбрани, а австриската екипа загуби вторпат.

Составот на Кур од Азербејџан, каде игра Леонора Рахмани, беше елиминиран по двата порази на гости кај грчкиот Јонијас, а поранешната членка на Чаир постигна седум погодоци на двомечот.

Српската Јагодина, каде што играат Сара Стефаноска и Јана Равојска, славеше убедливо во првиот меч против босанскиот тим Хаџиќи на двата меча, а Стефаноска даде осум гола на двата дуели.

Симона Василева и босанскиот Груде со двоен триумф против кипарската екипа Неолеас се пласираа во третото коло од Европскиот Куп. Македонската интернационалка постигна шест гола на двата натпревари.

Косовскиот Истогу каде што игра некогашната младинска репрезентативка Арлинда Динарица запиша две победи над грчката Пилаја, а Динарица имаше вкупно седум гола. Косовската Самадреџа, каде членки се Марија Николовска и Аниса Сали беше елиминиран по двата порази од португалскиот Колехио. Сали имаше 16 одбрани ан двете средби, а Николовска погоди два пати.

Европски Куп, второ коло, резултати:

Јагодина (Србија) – Хаџиќи (Босна и Херцеговина) 34-22, 32-19
Салерно (Италија) – ВИФ (Фарски Острови) 27-21, 26-27
Криваја (Босна и Херцеговина) – Унирек (Холандија) 25-35, 27-30
Ваљадолид (Шпанија) – Феризај (Косово) 39-12, 40-18
Бриксен (Италија) – Порињо (Шпанија) 21-36, 16-34
Гарлијава (Литванија) – Ериче (Италија) 24-31, 27-41
Гарабах (Азербејџан) – Диферданж (Луксембург) 27-24, 26-25
Азераил (Азербејџан) – Галичанка Лвов (Украина) 22-36, 16-32
Славија Прага (Чешка) – Ајдовшчина (Словенија) 34-30, 29-26
Кројцлинген (Швајцарија) – Јувента Михаловце (Словачка) 24-27, 19-27
Ојпен (Белгија) – Хаукар (Исланд) 16-38, 17-30
Гореле (Турција) – Металург Автокоманда (Македонија) 36-28, 34-37
Кинзварт (Чешка) – Литија (Словенија) 32-22, 30-23
Жалгирис (Литванија) – Валур (Исланд) 17-31, 28-34
Кур (Азербејџан) – Јонијас (Грција) 25-32, 22-32
Сао Педро (Португалија) – Дусло Сала (Словачка) 28-25, 28-30
ГАС Артас (Грција) – Мадеира (Португалија) 20-30, 23-30
Керженг (Луксембург) – Чаир (Македонија) 24-26, 26-32
Понтинија (Италија) – Малага (Шпанија) 25-32, 22-31
Румс Јагс (Австрија) – Ацгерсдорф (Австрија) 19-27, 25-30
Бјеловар (Хрватска) – Ускудар (Турција) 26-32, 24-32
Далматинка (Хрватска) – Борац (Босна и Херцеговина) 24-23, 31-22
Дуделанж (Луксембург) – Венеко Вело (Холандија) 22-17, 30-18
Кристијанштад (Шведска) – Вестфрисланд (Холандија) 32-23, 35-25
Штокерау (Австрија) – Железничар Инџија (Србија) 27-38, 15-32
Шпоно Иглс (Швајцарија) – ПАОК (Грција) 27-33, 21-25
Тиват (Црна Гора) – Бурса (Турција) 25-34, 18-38
Истогу (Косово) – Пилаја (Грција) 33-25, 35-27
Колехио Де Гаиа (Португалија) – Самадреџа (Косово) 42-31, 37-30
Х71 (Фарски Острови) – Лација (Кипар) 50-14, 41-21
Неолеас (Кипар) – Груде (Босна и Херцеговина) 21-39, 15-39
Панорама (Грција) – Гниезно (Полска) 17-31, 17-26

Изминатиот викенд беа комплетирани натпреварите од второто квалификациско коло од Лигата на Европа и познати се осумте патници во третата рунда, откако норвешкиот Фредрикштад доби директно место во групите по откажувањето на Нант.

Македонски претставник беше шампионот Ѓорче Петров, кој славеше во реваншот против шведскиот Хорс си 26-19, но тоа не беше доволно и поради високиот пораз на гости со 29-21 ги заврши европските настапи.

Лига на Европа, второ квалификациско коло, резултати:

Јенимале (Турција) – Мост (Чешка) 31-55, 34-44
Венло (Холандија) – Вац (Унгарија) 22-37, 24-32
Фредрикштад (Норвешка) – Цирих (Швајцарија) 33-21, 28-20
Хорс (Шведска) – Ѓорче Петров (Македонија) 29-21, 19-26
Бломберг (Германија) – Црвена Ѕвезда (Србија) 39-24, 26-28
Дижон (Франција) – Хипо (Австрија) 42-26, 28-16
Кобержице (Полска) – Јаликавак (Турција) 36-27, 27-26
Валчеа (Романија) – Дунајска Стреда (Словачка) 28-26, 33-26
Бенфика (Португалија) – Бера Бера (Шпанија) 28-30, 32-32