Денеска со натпреварот меѓу Бисинов и тимот од Автокоманда ќе започне новото, 7. коло во суперлигашката конкуренција.
Избраниците на Кире Лазров се фаворити против дебитантот во Супер лигата и се очекува да дојдат до нови бодови на свое конто.
Велешкиот тим на шест одиграни натпревари успеа да триумфира само еднаш, додека „сино-белите“ имаат 100% учинок, односно шест од шест.
Останатите натпревари од 7. коло од Супер лигата ќе се одиграат в сабота и недела, а дербито на колото ќе биде во Битола.
Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер в недела на домашен терен ќе го пречека амбициозниот тим на Охрид.
Свој настап денес ќе имаат дел од македонските интернационалци – Симона Василева (Груде), Бојан Маџовски (Партизан), Михаил Иваноски (Дубочица), Даниел Андоновски (Врање).
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:00 ТИВАТ – БУРСА (ЕВРОПСКИ КУП)
17:00 КОНСТАНЦА – ВАСЛИУ (РОМАНИЈА)
17:00 ВИКИНГ – ЕЛВЕРУМ (НОРВЕШКА)
17:30 ЕНОСИ – ГРУДЕ (ЕВРОПСКИ КУП)
18:00 ПАРТИЗАН – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СРБИЈА)
18:00 ЗАГРЕБ – РУДАР (ХРВАТСКА)
18:30 ЦРВЕНА ЅВЕЗДА – ДУБОЧИЦА (СРБИЈА)
18:30 КОЛДИНГ – ГОГ (ДАНСКА)
18:30 СЛОВАН – ЛОКА (СЛОВЕНИЈА)
18:45 ГРАДЕЦ – КРКА (СЛОВЕНИЈА)
19:00 ХАЛБИ – КРИСТИЈАНСАД (ШВЕДСКА)
19:00 БИСИНОВ – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ПАНОРАМА – ГЊЕЗНО (ЕВРОПСКИ КУП)
19:00 ВОЈВОДИНА – ОБИЛИЌ (СРБИЈА)
19:00 ВРАЊЕ – КОСТОЛАЦ (СРБИЈА)
19:00 АЈЗЕНАХ – ВЕЦЛАР (БУНДЕС)
20:00 ФРАМ – КА (ИСЛАНД)
20:00 ШАМБЕРИ – НИМ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ИСТРЕС – МОНПЕЛЈЕ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ЛИМОЖ – ШАРТ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ХАМБУРГ – КИЛ (БУНДЕС)