Првиот ривал на Вардар во Лигата на Европа, исландскиот Валур, доаѓа во победничка атмосфера во Скопје.
Валур славеше на гостувањето кај шампионот Хафнарфјордур, за кој не настапи Арон Палмарсон, со убедливи 30-23.
На полувремето Валур водеше со 13-12, но во второто полувреме комплетно го надигра домашниот тим, а голманот Бјоргвин Пал Густавсон влезе во серија и дозволи само 11 гола на Хафнарфјордур.
Тој имаше 36% на успешност на одбранети удари, а на ривалот не му се пишува добро ако започне да брани во серија.
Меѓу стрелците се истакнаа Виктор Сигрудсон со седум гола, како и Магнус Оли Магнусон и Исак Густафсон со по пет погодоци, додека ветеранот Александер Петерсон даде еден гол.
Натпреварот меѓу Вардар и Валур се игра во вторник на 8 октомври во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:45 часот.