Српскиот интернационалец Владимир Бојаниќ, кој ja игра третата сезона во тимот на Охрид стана македонски зет.
Кружниот напаѓач на „гладијаторите“ во „македонскиот Ерусалим“ ја побара раката на неговата девојка Тамара Таневска.
Бојаниќ доби потврден одговор од Таневска, па наскоро може да се очекува и свадба покрај езерото.
Српскиот интернационалец има договор со Охрид до 2026 година, а претходно ги носеше дресовите на Металопластика, Војводина, словенечките Тримо и Горење, турскиот Бешикташ…
Со Охрид оваа сезона ќе игра на меѓународна сцена во Европскиот Куп, каде за ривал ќе ја имаат романската Потаиса Турда.