Покрај дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, претстојниот викенд има уште еден дерби натпревар во 4 коло од суперлигашкото друштво.
Во Охрид гостува големиот ривал на „гладијаторите“ – Тиквеш, а кавадарчани одат на двобој откако ја запишаа првата сезонска победа.
Домаќините се во добар ритам, ги победија Радовиш и Прилеп на гостински терен, а дома славеа против Бутел Скопје.
Голманот Градимир Чаневски очекува тежок дуел.
„Не очекува тежок натпревар против екипата на Тиквеш. Ние сме во добар ритам кој треба уште да го надоградуваме, и да се подобруваме во секој сегмент. Наша предност е домашниот терен, но и нашата верна публика која ќе ни биде адут плус“, вели Чаневски.
Натпреварот меѓу Охрид и Тиквеш се игра в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 18:30 часот.