Амбициозниот тим на Вјоса од Косово со победа ја започна сезоната во косовскиот шампионат, откако на гостувањето кај Трепча славеше со 14 гола разлика, 43:29.
Во довчерашниот косовски прволигаш настапуваат неколку ракометари од Македонија – Синиша Павлов, Стефан Кочаров, Филип Димевски, како и голманот Илија Трпевски.
Сите одиграа одлично на првиот натпревар, па така средниот бек Кочаров имаше десет погодоци, осум запиша Павлов, седум додаде Димевски.
Стефан Кочаров и Филип Димевски во Вјоса го имаат првиот интернационален предизвик и уште на стартот покажаа дека ќе бидат големо засилување.
Вјоса во следното коло ќе се соочи со тимот на Вуштрија, додека во 4. коло ќе игра против Љапи.