Поранешниот селектор на Црна Гора, Зоран Рогановиќ, по третпат со неговиот тим шведски Гуиф третпат беше дел од Струшкиот турнир.
Тој ја искористи средбата да го посети и Охрид, каде се сретна со некогашниот капитен на Вардар, Стевче Алушовски од деновите кога Рогановиќ настапуваше за „црвено-црните“.
Во Струга негови домаќини беа Наумче и Златко Мојсоски, кои беа дел од тогашниот состав на Вардар.
Ниту еден веќе не е активен ракометар, но сите останаа во ракометот, на еден или друг начин.
Рогановиќ и Гуиф го освоија третото место на Струшкиот турнир, откако во битката за бронза го победија грчкиот ПАОК.
Покрај браќата Мојсоски и Алушовски, Рогановиќ имаше средба и со неговиот прв стратег од Ловќен, Александар Рогановиќ, кој сега е тренер на голманите во Вардар.