Некогашниот ракометар на Вардар, Хорхе Македа, по настапот на Олимписките игри во Париз, реши да ја заврши репрезентативната кариера.
Македа не влезе во најтесниот избор на Жорди Рибера, но по повредата на Кањелас, сепак настапи за „фуријата“, која го освои бронзениот медал на ОИ.
36-годишниот десен бек за националниот тим на Шпанија досега одигра 130 натпревари и постигна 352 погодоци.
Во својата колекција, искусниот Македа има десет одличја од големите натпреварувања, меѓу кои и злато од ЕП 2020, како и злато од СП 2013.