Откако најстрашното помина и кадетите на Македонија го обезбедија пласманот на младинското ЕП 2026 година, односно опстанокот во елитната конкуренција, сега без притисок може да се посветат на завршните две борби во Црна Гора.
Следува разигрувањето за пласман од 17 до 20 место на континенталниот собир, а прв ривал е селекцијата на Израел.
Селекторот Наум Танески направи една промена во ростерот на Македонија, па на местото на Дамјан Митев, шанса ќе добие Христијан Ѓурмешевиќ.
Натпреварот меѓу Македонија и Израел ќе се игра во салата „Морача“ со почеток во 19:30 часот.
Ако победиме, одиме утре на дуел со победникот од двобојот меѓу Полска и Грција во битка за 17 место, ако загуби, ќе играме со поразениот од истиот натпревар за 19 место на ЕП.