СТРУГА 2024: Во Струга „се сече“ лентата за новата сезона – сите очекуваат македонско финале

Во предвечерјето на новата ракометна сезона, Струга повторно е местото каде се „сече ракометната лента“. Повеќе од пет децении тука се одржува турнирот што е „ракометен бисер“ на Македонија и регионот. Годинава турнирот ја одбележува својата 52. година од основањето.

Денеска се играат два натпревари во кои настапуваат македонски тимови. Домаќинот Струга и актуелнио тшампион Еурофарм Пелистер го отвараат турнирот во 18,30 часот, а вториот меч е меѓу Вардар и Тиквеш од 20,40 часот.

Сите натпревари од турнирот во Струга ќе бидат пренесувани на Youtube каналот на 24Ракомет, со вклучување 30 минути пред почетокот на секој меч, со изјави од тренерите и играчите. За сите информации од турнирот, вести, видеа, фотогалерии и извештаи можете да го залседите и нашиот вибер канал каде постојано се објавуваат вестите за туринрот, исто како и посебната страница за турнирот во рамките на 24Ракомет.

„Меѓународен турнир“ „Меморијал Вангел Баљуковски – Баљук или попознат како Струшки турнир се уникатни по многу нешта: по својата долговечност, константност, играње на отворено и пред се место каде многу идни ѕвезди ги почнале своите први чекори. Струга е горда што може да се пофали со сето ова, и да продолжи да биде „македонскиот ракометен бренд“.

Годинава повторно тука е дел од македонскиот ракометен крем, двата најтрофејни клубови, Вардар и Еурофарм Пелистер. Сите очекуваат големите ривали да стигнат до финалето и таму да покажат уште една неизвесна и интересна борба. Вкупно 6 екипи ќе играат на турнирот, од Македонија уште Тиквеш и домаќинот Струга, а од странство е тимовите на ПАОК од Грција и ГУИФ Ескулстуна од Шведска.

Вообичаено турнирот покажува во каква форма се екипите пред почетокот на сезоната, иако најчесто тоа е период веднаш после подготовките, и „нозете им се тешки“.

Ви ги претставуваме екипите што ќе настапат на турнирот годинава.

ГРУПА А

ВАРДАР1961 СКОПЈЕ – екипа која е актуелен победник на турнирот со триумфот во 2023 година. Настапува од самиот почеток на турнирот и е првиот победник од Струга во 1973 година. На турнирот има освоено 14 титули и најуспешната екипа. Поранешен двоен европски првак, 15 кратен првак на Македонија, и 16 кратен освојувач на Купот на Македонија, победник на Супер Купот на Македонија, и е убедливо најефикасен тим во Македонија. „Црвено-црните“ посакуваат враќање на трофеите што ги имаа освојувано, а лани „им избегаа“ за малку.

ГУИФ Ескилстуна (ШВЕДСКА) – Се работи за клуб со богата традиција и клуб кој во клупска историја четири пати има играно во финалето на плеј-офот на шведскиот шампионат. По третпат настапува во Струга по 2019 година. Доаѓаат како петтопласирани во Шведска, и се наоѓа на четвртото место на вечната листа на клубови со најмногу сезони во елитата.

ТИКВЕШ Кавадарци – Екипа која од сезона во сезона се повеќе се наметнува на ракометната сцена во Македонија. Беше главниот фактор лани при одлучување кој ќе биде шампионот на Македонија. Тим кој е спој на младост и искуство. Првпат настапува на турнирот во Струга.

ГРУПА Б

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Актуелен шампион на Македонија, учесник во Лигата на шампионите. Втор најуспешен тим во историјата на турнирот во Струга според бројот на освени трофеи. Битола е препознатлив ракометен бренд кој последните сезони повторно освојува трофеи во Македонија. Од Струга почнува нивната европска мисија. засилени со нови играчи очекуваат подобри резултати особено на европска сцена, но и одбрана на титулата дома.

ПАОК Солун (Грција) – Актуелен освојувач на Купот на Грција. Екипа од Топ-3 во Грција, и последниве три сезони е во самиот врв. Сезонава со амбиција да одат чекор напред. Во тимот настапува македонскиот голман Виктор Гигов

СТРУГА – Домаќинот на турнирот лани се бореше за титулата и играше меѓу најдобрите шест во првенството. Расадник на таленти, и последниве години има тим кој претставува тврд орев за секого. Успешно ја одржува традицијата и продолжува со квалитетната работа со младите, кои секогаш се во завршниците кога се делат медалите.
.
.

Дознајте ги сите новости поврзани со 52. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.

,
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…