ПАРИЗ 2024: Бразил ја демолира Ангола и оди во четвртфинале на ОИ!

Селекцијата на Бразил славеше убедливо против Ангола со 30-19 и се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри во Париз.

Јужноамериканската и африканската селекција во директен дуел се бореа за ТОП 8, но Бразил победникот го реши уште по првиот дел, кога беше 14-6.

Второто полувреме беше само рутинско доработување на започнатото во првото полувреме и беше јасно кој ќе триумфира.

Најдобар стрелец кај победникот беше Битоло со шест погодоци, додека кај Ангола четири постигна Паскоал.