Кај дамите без промени: Македонија со четири претставници во евро-куповите во 2025

Европската ракометна федерација го објави ранкингот за распределба на местата во европскитe купови во сезоната 2025/26 кај дамите.

Со оглед на тоа што Македонија немаше претставник во Лигата на шампионите во последните три сезони кои се бројат, следствено на тоа нема ниту ранкинг во елитното натпреварување.

Во Лигата на Европа исто така немавме претставник, па и таму ранкингот е непроменет, но Македонија го задржува правото да пријави една екипа.

Во Европскиот Куп по одличните настапи на Ѓорче Петров, Македонија напредуваше осум места, и сега се наоѓа на шестото место, но бројот на екипи за сезоната 2025/26 што ќе можат да се пријават останува три.