ПАРИЗ 2024: Мона Лиза „избега“ од Лувр за да гледа олимписки ракомет

Дел од германските навивачи кои го следеа утринскиот меч од машкиот Олимписки турнир против Јапонија, беа инвентивни.

Тие беа со специјални маски „а ла Мона Лиза“, па привлекоа внимание на многу фоторепортери.

Светската куќа на ракометот ги објави овие фотографии на социјалните мрежи и се пошегуваа дека и Мона Лиза избегала од Лувр за да гледа ракомет.

Германците ја совладаа убедливо Јапонија во второто коло, додека Словенците беа подобри од селекција на Хрватска.