По триумфот над Шведска, селекцијата на Германија ја запиша втората победа на ОИ, откако славеше над Јапонија со 37-26.
„Самураите“ не прикажаа игра како претходно против Хрватска, и уште по првиот дел примија дури 21 погодок.
Во второто полувреме немаше никаква неизвесност околу победникот, па само се чекаше разликата со која ќе слави бундес тимот.
Јасухира не ја повтори партијата од првиот меч, сега даде само два гола, а најдобар стрелец кај „самураите“ беше Фуџисака со шест погодоци.
Во победничкиот состав Усчинс со седум од седум и Кнор со шест од шест беа најдобри поединци.