По слабото издание на првиот меч против Шведска, Норвешка покажа кој е кој во женскиот ракомет и ја демолира Данска, 27-18.
Победникот беше решен по првите десетина минути, кога норвешките репрезентативки поведоа со 7-1, а потоа беше и 11-2.
На паузата избраничките на Торир Хергеирсон, водеа со шест гола, 14-8, а вториот дел беше само формалност и немаше интересна завршница како што посакуваа сите љубители на ракометот.
Лунде мечот го заврши со неверојатни 88% успешност на одбранети удари, откако имаше седум одбрани од осум обиди на противничките, Солберг додаде уште девет интервенции, а најдобри стрелци беа Братсет и Кристијансен со по шест гола.
Кај Данска, голманките Тофт и Рајнхарт комбинираа осум одбрани, а Остергард стрелаше пет пати.
Сега на табелата во групата Б прва е Шведска со 4 бода, Норвешка, Данска, Словенија и Кореја имаат по два, додека Германија е без бодови.