По поразот од Франција на отворањето на ОИ, селекцијата на Унгарија ја забележа првата победа, откако славеше против Бразил со 25-24 во драматичен натпревар.
Иако Бразилките имаа пет гола предност, упорните Унгарки направија херојски камбек и успеаја да освојат два бода.
На паузата јужноамериканскиот тим водеше со три гола, 15-12, а потоа беше и 18-13, но потоа следуваше комплетен пресврт.
Во финишот се влезе со реми, 24-24, двете селекции имаа напад за водство, но не погодија. Потоа голманката Биро одбрани зицер, а Симон погоди на спротивната страна за голема победа.
Најдобар стрелец во победничката репрезентација беше Симон со пет гола, а кај Бразил по четири пати стрелаа Кинтино, Фернандез и Де Пауза.