Некогаш најголемиот талент на хрватскиот ракомет, Лука Степанчиќ, ќе ја напушти Европа и ќе оди да игра во Кувајт.
Тој потпиша договор на една сезона со клубот Ал Араби и ќе се обиде да заработи што повеќе во периодот кога се уште не се вратил во формата која ја имаше некогаш.
Иако имаше интерес од неколку европски екипи, сепак Степанчиќ се реши за поинаков предизвик.
Степанчиќ мина шест сезони во Загреб, играше уште три во францускиот ПСЖ, а последните пет кои беа прекинати со многу повреди ги одигра во унгарскиот ПИК Сегед.