Денеска во француската престолнина стартуваше машкиот турнир на Олимписките игри, откако пред два дена почнаа и дамите.
Средниот бек на Германија, Јури Кнор, ја спореди организацијата на ОИ со младинските првенства, кои се играат од утро до вечер во иста сала.
Првиот натпревар почнува во 09:00 часот, а последниот во 21:00 часот.
„Организацијата наликува на младинските првенства. Тогаш моравме да стануваме во 06:00 наутро и да одиме во сала. Но таков е ракометниот живот, и секоја репрезентација мора помине низ тоа“, изјави Кнор за германските медиуми.
Германците стартуваа со триумф против Шведска со 30-27, а во следното коло ќе играат против Јапонија во 09:00 во понеделник.