За разлика од дамите, машката репрезентација на Норвешка победнички стартуваше на Олимписките игри во Париз.
Скандинавците ја совладаа селекцијата на Аргентина со 36-31, а победникот беше решен уште по првиот дел, кога Норвешка водеше со 22-15.
Второто полувреме беше само рутинско одработување на задачата, иако јужноамериканскиот ривал се закани во еден момент и намали на минус четири.
Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа Грондал со осум и Бјорнсен со шест погодоци, додека меѓу стативите Бергеруд и Северас комбинираа 15 одбрани.
Во составот на Аргентина, се истакна Диего Симоне со пет гола