Лоши вести за селекторот Урош Зорман и за словенечката репрезентација пред првиот натпревар на Олимписките игри во Париз.
Зорман уште непочната Олимпијада мораше да менува во ростерот. Повреда на мускулот има десниот бек на Еурофарм Пелистер, Нејц Цехте и тој нема да игра на дуелот со Шпанија.
Покрај Цехте, со слична повредан се соочува и пивотот Матеј Габер, па словенечкиот селектор веќе направи две промени.
Левиот бек Ник Хенигман влезе на местото на Цехте, додека Габер е заменет со Кристијан Хоржен, па тоа значи дека Словенија ќе има само еден десен бек Јуре Доленец, иако и Блаж Јанц може да покрие на таа позиција.