Во олимпиското село пред официјалниот старт на натпреварите на машкиот ракометен турнир, се случи несекојдневно запросување.
Најмладиот од тројцата браќа Симоне, Пабло, реши да застане на „лудиот камен“ и ја побара за сопруга долгодишната девојка, Марија Кампој.
Таа е репрезентативка на Аргентина во хокеј на трева, а запросувањето се случи за време на тимските фотосесии во Париз.
Сега Аргентинците ги чекаат големи предизвици на ракометниот турнир, а по настапите во Лондон и Рио Де Жанеиро, ова ќе биде трет настап за нив и ќе се обидат да стигнат до четвртфиналето.
Шансите за тоа не се големи бидејќи се во група со домаќинот Франција, Данска, Норвешка, Унгарија и Египет.