Тимот на Нексе Нашице ова лето прави комплетен ремонт во составот, а се чини допрва ќе ги договори најзвучните засилувања.
Еден од нив е капитенот на словенечката репрезентација Јуре Доленец, кој летово го заврши договорот со францускиот Лимож.
Иако имаше понуда од Сен Рафаел и Слован Љубљана, „RTHandball“ пишува дека Доленец ја прифатил понудата од Нашице и само треба да биде ставен потпис на договорот.
Претходно Нексе ги договори левиот бек Тин Лучин од Висла Плоцк, десниот бек Александар Цениќ од Динамо Букурешт, потоа пивотите Крешимир Козина од Гепинген и Јан Кликов од Данкерк…
Од друга страна тимот од Нашице се раздели со Велкаврх, Томиќ, Јотиќ, Кузмановиќ, Гаџа, Рачиќ, Коен, Мелиќ…