ЧСМ Букурешт со Хеле Томсен кон европскиот врв

Романскиот првак ЧСМ Букурешт ја најде замената за Ади Василе, кој беше отпуштен по крајот на минатата сезона.

На жешката клупа ќе седне Хеле Томсен, која пак ја заврши мисијата во Нант и беше слободна во изборот на новата средина. Томсен потпиша договор на две сезони со романскиот шампион.

Таа веќе работеше во ЧСМ Букурешт во 2017/2018, па нема да има проблеми околу адаптацијата и ќе се обиде да ги исполни високите очекувања.

Освен во Нант, Томсен беше дел и од данскиот Икаст, норвешкиот Молде, турскиот Кастамону, а ги водеше и женските репрезентации на Холандија и Шведска.