Новиот голем словенечки проект, Слован Љубљана, го промовираше осмото засилување пред стартот на новата сезона.
Во составот предводен од Урош Зорман доаѓа средниот бек Јака Малус, кој по настапите во странство се враќа во татковината.
Претходно Слован ги промовираше кружниот напаѓач Илија Брозовиќ од бундеслигашот Хановер, левото крило од Горење – Сташ Слатинек Јовичиќ и левиот бек Леон Лјевар.
Малус беше дел од Целје, пред да замине во Мешков Брест со кој играше и во Лигата на шампионите, а забележа настапи и во шпанскиот Синфин Сантандер и германскиот Гепинген.
Слован Љубљана се засили и со голманот Алјаж Пантјар, десниот бек Гашпер Храстник, левото крило Ади Мехмедјехајиќ и десното крило Николас Цорцинис.
Јасно е дека шампионот Горење Велење, Тримо Требње и Целје добиваат голем конкурент во битките за титулите во Словенија.