Еден од учесниците на Струшкиот турнир ова лето, АЕК Атина, минува низ голема играчка реконструкција.
По загубената финална серија од Олимпијакос во битката за титулата, АЕК се ослободи од седум странци и тројца домашни ракометари.
Сега се менува политиката, па АЕК реши да ангажира четворица грчки ракометари. Станува збор за десното крило Виктор Властос, кој по 12 години играње низ дански клубови се враќа во татковината, потоа средниот бек од Јоникос – Александрос Кукулас, средниот бек Димитрис Панајоту од Дукас и левото крило Армандо Сина од Драма.
Заминаа Малиос, Пападионисиу и Илиопулос, како и Мандалиниќ, Соколиќ, Лемос, Тике, Јонсон, Беласен и Том.