Домаќинот Струга е последниот шести учесник на традиционалниот меѓународен ракометен турнир „Струга 2024′ што по 52. пат ќе се одржи од 14 до 17 август.
Комплетиран е списокот на екипи што ќе се појавата на теренот на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“во Струга.
Покрај домаќинот Струга на годинешното издание на турнирот ќе играат уште и Вардар, Еурофарм Пелистер, Тиквеш, АЕК (Грција) и ГУИФ Ескилстуна (Шведска).
Наскоро ќе бидат одредени и групите и ќе се одреди распоредот на натпреварите, а бранител на трофејот од минатата година е Вардар.