Очигледно е дека ќе има голем ремонт во грчкиот вицепрвак АЕК Атина ова лето, бидејќи бројката на ракометари кои заминаа од клубот се искачи на осум.
Откако во два дена АЕК се раздели со петмина ракометари – Мандалиниќ, Соколиќ, Лемос, Илиопулос и Тике, на ред дојдоа уште тројца од странците.
Станува збор за централниот бек од Шведска, Филип Јонсон, десниот бек од Франција, Насим Беласен, како и десното крило од Норвешка, Елијас Том.
Грците веројатно не можат да ја преболат загубата на титулата од Олимпијакос во финалната серија со 3-2, па први на удар се интернационалците.
АЕК Атина ќе биде еден од учесниците на претстојното издание на традиционалниот Струшки турнир ова лето од 14 до 17 август.