Женската младинска репрезентација на Македонија со победа го започна настапот на Светското првенство, на кое домаќин е Скопје, откако во првото коло славеше над САД со 32:15.
Одлична партија за Македонија одигра Борјана Коцева, која доминираше на теренот, постигна девет погодоци во мрежата на ривалот, но и подели неколку асистенции кон своите колешки.
По крајот на натпреварот, новата членка на Металург Автокоманда беше избрана за најкорисен играч, односно за МВП на вечерашниот натпревар.
Македонија во второто коло ќе се соочи со Исланд, кој денеска славеше над Ангола со пет гола разлика, 24:19.
Натпреварот против Исланд ќе се одигра на 21 јуни, додека во последното коло од групната фаза Македонија за ривал ја има Ангола.