Денеска во Скопје ќе стартува Светското младинско првенство, а на првиот ден свој настап ќе има и репрезентацијата на Македонија.
Младинките на Македонија се дел од групата Х, за ривали ги имаат репрезентациите на САД, Ангола и Исланд.
Избраничките на Дарко Јанев вечерва со почеток од 20:15 часот ќе играат против САД и на овој дуел „црвено-жолтите“ се големи фаворити.
Нашата репрезентација сите натпревари од групната фаза ќе ги игра во СЦ „Борис Трајковски“.