Традиционално на крајот на сезона во Суперлигата, 24Ракомет го избира идеалниот тим на сезоната, давајќи им признанија на оние што се одвојуваа на позицијата на која настапуваат.
Ова е шеста (6) сезона по ред како редакцијата на 24Ракомет ги избира ALL STAR тимот, што е веќе традиција, како единствен и независен избор на најдобрите ракометари, и во машка и во женска конкуренција. Покрај за идеалната седморка, ќе се гласа и за најдобар тренер, млад играч и најдобар дефанзивец.
Во изборот ќе учествуваат: публиката преку гласањето што го огранизираме, македонските новинари кои следат ракомет од сите медиумски формати во земјава, заедно со редакцијата на 24Ракомет. Збирот од гласањето на сите три фактори (публиката, новинари и редакцијата на 24Ракомет) ќе ги даде победниците во секоја категорија.
Редакцијата на 24Ракомет ви овозможи и Вие, нашите читатели, да бидете дел од изборот и да гласате за најдобрите ракометари во сезоната. Ќе ги претставиме сите кандидати, со цел полесно да се решите за кого да го дадете вашиот глас.
ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ДО ЧЕТВРТОК, 30 МАЈ 2024
Номинирани се по петмина играчи на секоја позиција од кои ќе биде избран најдобриот.
Читателите ќе гласаат за еден од петмината понудени кандидати. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 5, 4, 3, 2, 1, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – од 5 (најдобар) до 1 (петтопласиран).
Истото ќе биде и при гласањето на новинарите и на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за петтемина понудени ракометари по приципот 5, 4, 3, 2, 1. На крај се направи вкупен збир од трите сегменти (публика/новинари/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).
Најдобро лево крило на сезоната:
Ненад Костоски (Струга) – Беше меѓу најважните алки во составот на Наум Танески и меѓу најзаслужните за обезбедениот пласман во плеј-оф фазата.
Гоце Ојлески (Охрид) – Со своето искуство имаше голем придонес во неколку важни победи на Охрид во битката за излез на европска сцена.
Марко Срдановиќ (Вардар) – Српскиот репрезентативец веднаш се прилагоди на новата средина наметнувајќи се како еден од главните играчи во вардаровиот табор.
Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – Младиот член на битолскиот тим оваа сезона ја одигра во одлична форма и дадената минутажа максимално ја искористи.
Давор Палевски (Пролет) – Веќе неколку сезони е меѓу носителите на играта во скопскиот тим, на дел од натпреварите имаше висок процент на реализација.
За најдобар лево крило на сезона 2023/24 можете да гласате на линкот во продолжение…
ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)