Металург Автокоманда се засили со младинска репрезентативка

Металург Автокоманда во следната натпреварувачка сезона ќе влезе со поголеми амбиции и веќе започна да го формира ростерот со кој би бил посилен во борбата за шампионската титула.

По Александра Коловска и сестрите Бојана и Борјана Коцеви, ново засилување во тимот на Јулијана Дамчевска е младинската репрезентативка Анастасија Величковска.

Левиот бек е производ е на Илинден Вардар, клуб во кој ги мина сите младински категории, а со одличните настапи си обезбеди трансфер во еден од најдобрите женски клубови.

Во следниот период би требало да се знаат уште неколку нови имиња во Металург Автокоманда. Како што е познато, засега клубот останува без левото крило Мила Трајковиќ.

Металург Автокоманда во првата сезона од настапите во Женската лига е во борба за второто место, а во Купот на Македонија беше елиминиран од Куманово во фазата по групи.

Металург Автокоманда „краде“ две ѕвезди на Вардар!

Александра Коловска со камбек на терените, заигра за Металург Автокоманда!