Ракометна Битола повторно ќе биде во центарот на вниманието, а љубителите на спортот ги очекува посебен натпревар исполнет со емоции.
Во салата „Боро Чурлевски“ следува братскиот двобој меѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, а битолчани го најавија со интересен и забавен квиз.
Ненад Белистојаноски, Давид Димевски, Павле и Петар Атанасијевиќ, Божидар Илиески, Христијан Митревски и Мирче Калајџиески, одговараат на интересни прашања поврзани со историјата на клубот.
Братскиот двобој е закажан за в петок од 17:30 часот. На теренот ќе има борба за секоја топка, секој дуел и секој гол, додека надвор од него ќе останат почитта и поврзаноста.
Ваквите натпревари секогаш носат посебна приказна, а битолската публика ќе има можност да биде дел од уште еден интересен момент.

























