Вицепрвакот Куманово во последните три кола ќе биде посилен со Нена Нестороска, која по долгомесечна пауза се врати на терените.
Стружанката уште во првиот дел од сезоната заработи тешка повреда, ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и мораше да оди на долга пауза.
Членката на Куманово својот камбек на терените го имаше на вчерашниот натпревар против Скопје во рамки од 23. коло од Женската лига.
Куманово во последните три кола за ривали ги има екипите на Стружанка, Овче Поле СУ и Металург Автокоманда.