ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еве кои 16 ракометари ќе играат против Фарски Острови

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра првиот натпревар од баражот за Светското првенство против селекцијата на Фарски Острови.

Селекторот Кире Лазаров и неговиот стручен штаб ги избраа 16-те играчи за првиот дуел со островската земја.

Шанса за покажување на своите квалитети ќе има младиот Дамјан Митев, кој игра одлично на клупско ниво.

Марко Кизиќ, Мартин Карапалевски, Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис и Иван Џонов нема да настапат на првиот меч.

Денешниот натпревар меѓу Фарски Острови и Македонија е закажан со почеток од 20:00 часот.

Реванш дуелот меѓу двете репрезентации ќе се одигра на 12 мај во СЦ „Борис Трајковски“.