Каталонскиот гигант Барселона ја потврди новата титула во Шпанија уште одамна, па сега главен предизвик е настапот на Ф4 во Лигата на шампионите.
Тренерот Антонио Карлос Ортега остана само со еден среден бек за настапот во „Ланксес Арена“, откако на дуелот со ПСЖ се повреди Пол Валера.
Шпанскиот плејмејкер ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и многу веројатно ќе се врати на терените дури за пролетниот дел од следната сезона.
Ортега сега ќе мора да комбинира со Мелвин Ричардсон, на кој не му е новост играњето на таа позиција или со некој од левите бекови Карлсбогард или Лангаро.
Единствен класичен среден бек е Петар Цикуша, бидејќи одамна повреден е Домен Макуц.