Селекторот на машката репрезентација, Кире Лазаров, го објави поширокиот список пред бараж двомечот со Фарски Острови за пласман на СП 2025.
На списокот нема големи изненадувања, а голем пех за селекторот и за Македонија ќе биде отсуството на десното крило Ненад Костески.
Во конкуренција за настап ќе бидат 36 имиња, а скратениот список ќе биде објавен на почетокот на следната недела.
На списокот го нема Николас Најденовски од Шведска, кој на претходните акции беше во комбинација.
Лазаров на списокот има петмина интернационалци – Митревски од Порто, Талески од Бенфика, Димитриоски од Ваљадолид, Поповски од Цирих и Костески од Плзен, а сите останати ракометари доаѓаат од домашното првенство.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Фарски Острови се игра на 8 мај во Торшавн од 18:00 часот, додека реваншот е на 12 мај во Скопје од 19:00 часот.