Тимот на Радовиш, кој во минатата сезона беше дел од суперлигашка конкуренција, освои важна победа на свој терен, откако го доби дуелот против Металург РА.
Радовиш на денешниот натпревар од 8. коло од плеј-оф фазата во Првата лига успеа да го надигра тимот од Автокоманда, триумфираше со 25:23 (12:13)
За Радовиш ова беше 6-ти триумф во борбата за елитата и со денешната победа го презеде второто место на табелата, сега има 20 бодови, зад него се наоѓат Младост Богданци со 18 и Драчево со 17 бодови, додека Металург РА останува на 16.
На натпреварот имаше повеќе израмнувања, голема борба за трите бодови и многу надмудрувања на двете страни, а прашањето околу победникот се реши во самиот финиш.
Предводници во екипата на Радовиш беа искусните Зоран Стојановски и Здравко Постолов. Стојановски постигна осум погодоци, а Постолов додаде седум. Голем придонес во победата имаше и голманот Кристијан Костадиновски со 12 одбрани за 40 минути.
Кај Металург РА најефикасни со по пет погодоци беа Фили Петровки и Христијан Крстаноски.